Во Струга се отвори првиот Рамстор супермаркет кој се протега на површина од 1.200 квадратни метри, опремен е со производи и асортиман за да го покрие целиот охридско-преспански регион. Рамстор Струга супермаркетот комплетно е прилагоден да ги задоволи потребите на потрошувачите од градот и околните населби, со голема понуда на различни производи. Направивме истражувања и мерења на движењата и потребите на пазарот, а резултатите покажаа дека граѓаните од овој регион имаат потреба од супермаркет што работи по принципот се на едно местоо и што ќе понуди најмногу производи по најсоодветни цени и комплетно ќе ги задоволи потребите на граѓаните од овој регион. Отворањето на Рамстор Струга беше планиран стратешки потег, само се чекаше да бидат исполнети сите услови и пазарот да си ја наметне потребата.
Во Струга се отвори првиот Рамстор супермаркет кој се протега на површина од 1.200 квадратни метри, опремен е со производи и асортиман за да го покрие целиот охридско-преспански регион.
Рамстор Струга супермаркетот комплетно е прилагоден да ги задоволи потребите на потрошувачите од градот и околните населби, со голема понуда на различни производи.
- Направивме истражувања и мерења на движењата и потребите на пазарот, а резултатите покажаа дека граѓаните од овој регион имаат потреба од супермаркет што работи по принципот се на едно местоо и што ќе понуди најмногу производи по најсоодветни цени и комплетно ќе ги задоволи потребите на граѓаните од овој регион. Отворањето на Рамстор Струга беше планиран стратешки потег, само се чекаше да бидат исполнети сите услови и пазарот да си ја наметне потребата - изјави Еркин Салих, менаџер на Рамстор маркет.
Откако Рамстор е присутен во Македонија од 2005 година, ова е седмиот супермаркет што го отвораат и според тоа претставува најбрзо растечки ланец на супермаркети. До сега се присутни во Скопје и во Тетово со по три маркети.
- За нас како најбрзо растечки ланец на супермаркети во Македонија, проширувањето во охридско-струшкиот регион е од исклучително значење затоа што пред се е направено врз основа на истражувања кои покажаа дека пазарот е отворен и дека граѓаните имаат потреба од Рамстор супермаркети низ цела Македонија - изјави Ебру Радевски, директор за инвестиции и лизинг на ТЦ Рамстор.